А. Општи услови


1 Надлежност
2 Склучување на договор
3 Трошоците за враќање на стоката во случај на откажување
4 Цени и услови на плаќање
5 Испорака и услови за испорака
6 Одговорност за дефекти
7 Применливо право

Б. Информации за купувачот


1 Информации за идентитетот на клиентите
2 Информации за основните карактеристики на стоките или услугите
3 Информации за склучување на договорот
4 Информации за плаќање и испорака
5 Информации за техничките чекори кои водат кон склучување на договорот
6 Информации за чување на текстот на договорот
7 Информации за техничките средства, со цел да се избегне грешки при влез
8 Информации за јазиците на располагање за склучувањето на договорот

А. Општи правила и услови


1 Надлежност

1.1 Овие услови на "Börner Distribution International GmbH“ (во понатамошниот текст како „продавач") се однесуваат на сите договори со потрошувачот или бизнисот (наведени како "купувач") кои ќе влезат во соработка со продавачот во однос на стоки и/или услуги кои ги нуди во својата онлајн продавница. Со ова се заклучуваат и потврдуваат условите и правата на клиентот, освен кога нешто друго специфично не е договорено.

1.2 Потрошувач во смисла на овие општи услови на соработка може да биде секое физичко лице, кое заснова правна трансакција за лична намена која не се однесува на неговата комерцијална или независна професионална дејност. А изведувач во смисла на овие oпшти услови на соработка е секое физичко, правно лице или правно партнерство, кое врши стопанска или независна професионална дејност за влегувањето во правна соработка.


2 Склучување на договор


2.1 Производот прикажан на онлајн продавница на продавачот не претставува обврзувачка понуда од страна на продавачот, тој служи за поднесување на правно обврзувачка понуда за откуп од страна на клиентот.


2.2 Корисникот може да ја поднесе понудата со користење на интегриран формулар за нарачка во онлајн-продавница, обезбеден од страна на продавачот. По внесување на личните податоци, корисникот поднесува правно обврзувачки договор понуден со кликнување на копчето за поднесување за време на процесот на нарачување кој се однесува на стоката која е ставена во кошница.


2.3 Продавачот може да ја прифати понудата на клиентот во рок од два дена, - со испраќање на писмена потврда за нарачката на клиентот или со доставување на потврда на нарачката во текстуална форма (факс или e-mail), со оглед на тоа дека приемот на потврдата за нарачка од страна на клиентите е битен, или - со испорака на нарачаната стока на клиентите, со оглед на тоа дека приемот на стоката од страна на клиентите е битен, или - барајќи исплата од клиентот, по приемот на налогот. Ако неколку од горенаведените алтернативи постојат, договорот ќе стапи на сила во текот на временска рамка во која еден од горенаведените избори се случи прво. Доколку продавачот не ја прифати понудата од страна на клиентот во рамките на наведениот период, ова ќе се смета како отфрлање на понудата со ефект со кој што клиентот веќе не е обврзан за исполнување на овој договор.


2.4 Рокот за прифаќање на понудата се смета од денот кога понудата ќе се испрати од страна на клиентот, а завршува со истекот на следниот ден откако ќе се испрати понудата. Ако последниот ден на рокот паѓа во сабота, недела или ден за одмор одобрен од државата во која локациски се наоѓа продавачот, тој ден ќе биде заменет со работен ден.


2.5 Процесот на нарачка и контакт со клиентот нормално се одвива преку и-мејл и преку автоматското нарачување. Клиентот мора да се осигура дека адресата на поднесениот и-мејл е точна и доволна за да се пренесуваат пораки меѓу него и продавачот. При користење на спам филтри, клиентот мора да биде сигурен дека или продавачот или назначената трета страна ќе бидат во можност да го контактираат купувачот преку и-мејл со информации кои се однесуваат на нарачката.


3 Трошоци за враќање при остварувањето на правото на повлекување.
Ако клиентот има право на повлекување на нарачката, во случај на остварување на правото на повлекување, се наметнуваат редовни трошоци на враќање.


4 Цени и начин на плаќање


4.1 Цените наведени од страна на продавачот се крајните цени и тие вклучуваат законски давачки со задолжителната додадена вредност. Ако е потребно, дополнителна испорака и трошоците за испораката ќе бидат наведени во специфични опис на производот.


4.2 Корисникот има избор на опции за исплата, како што е прикажано во онлајн-продавница на продавачот.


4.3 Во случај на плаќање со готовина однапред, рокот за плаќање е веднаш по склучувањето на договорот.


5 Услови за превоз и испорака


5.1 Испораката на производите се одвива редовно со превоз и испорака до адресата која што е наведенa од страна на клиентот. Во решавањето на трансакцијата, релевантна е само адресата наведена за испорака во текот на процесот на купување. Ако клиентот избира PayPal како избор на плаќање, применлива е адресата дадена за време на плаќањето со PayPal.

5.2 Во случај транспортната компанија да ги врати производите на продавачот по неуспешен обид за испорака, клиентот ги сноси сите трошоци. Ова не се однесува ако клиентот го извршува своето право на повлекување, одбивајќи прифаќање на производите, ако тој не е одговорен за околностите што довеле до неможност за испорака или ако тој не е во можност да ја прифати понудената услуга, освен ако продавачот не го информирал во разумен временски рок за истата.

5.3 По правило, ризикот од ненамерно губење или оштетување на продадената роба преоѓа на купувачот или на лицето авторизирано(за прифаќање) по прифаќањето на доставата. Ако клиентот дејствува како бизнис, ризикот, на продавачот, од ненамерно губење или оштетување на продадената роба завршува по предавањето на производите на адресата на квалификуваната транспортна компанија.


5.4 Продавачот го задржува правото да се повлече од договорот во случај на неправилно и несоодветно врачување. Ова ќе се применува само во случај кога продавачот не е одговорен за неуспехот на испораката, особено во случај по заклучување на соодветната заштитна трансакција со добавувачот. Продавачот ќе ги направи сите разумни мерки за снабдување на производите. Во случај на недостиг или само делумна достапност на производите, клиентот ќе биде информиран и веднаш ќе му бидат надоместени средствата без одлагање.

5.5 Доколку клиентот сака самостојно да ја подигне пратката, продавачот ќе го извести преку и-мејл дека нарачаните производи се подготвени за подигнување. По примањето на оваа порака, клиентот ќе биде во можност да ги подигне производите по договарање со продавачот. Во овој случај, нема трошоци за испорака.

6. Одговорност при дефект

Се применува правна одговорност.


7 Применливо право
7.1 Сите правни односи на странките се предмет на законите на Сојузна Република Германија, освен законите за меѓународна трговија на движните добра. Овој избор на закон ќе биде применет само ако доделената заштита не е отповикана од страна на релевантни правила и прописи на државата каде што клиентот е резидент.

7.2 Ако клиентот дејствува како трговец, правно лице според јавното право или посебен фонд според јавното право со живеалиште во рамките на Сојузна Република Германија, правната локација ќе биде единствената локацијата на продавачот. Ако клиентот се наоѓа надвор од територијата на Сојузна Република Германија, седиштето на дилерот е единственото место на надлежност за сите спорови кои произлегуваат од овој договор, во случај да, договорот или побарувањата кои произлегуваат од договорот, можат да се доделат на професионална и трговска активност на клиентот. Дилерот има право во претходно споменатите случаи да се јави на судот на локацијата на клиентот.

7.3 Договорен јазик е германскиот.

 Б. Информации за купувачот

1. Информации за идентитетот на продавачот:

Börner Distribution International

GmbH Industriegebiet Börner 1
54526 Niederkail, Germany
Phone: + 49 6575-95120
Telefax: + 49 6575-951233
E-Mail: service@boerner.de

Managing Director: Wolfgang Elsen

Register Court: District Court Wittlich
Register Number: HRB 42344 Value Added Tax Identification Number according to § 27 a sales tax law: DE 287787954


2 Информации за основните карактеристики на стоките или услугите

Главните карактеристики на стоките или услугите може да се добијат од соодветнитете описи на производите што се обезбедени од страна на продавачот.

3 Информации за склучување на договорот
Склучувањето на договорот се врши во согласност со точка 2 од Општите услови на продавачот (види погоре)

4 Информации за плаќање и испорака
Плаќањето се врши во согласност со точка 4, а испораката во согласност со точка 5 од Општите услови на продавачот (види погоре)

5 Информации за технички чекори, кои водат кон склучување на договорот
За поднесување на понуда преку онлајн форма за нарачување од дилерот, клиентот мора да ги направи следните технички чекори:

5.0.1 Поставување на саканиот продукт во виртуелната шопинг кошничка

5.0.2 Регистрација во онлајн-продавницата со внесување на корисничко име и лозинка или - ако клиентот нема тековна сметка  - со внесување на податоците за нарачка во дадениот формулар за пријавување.

5.0.3 Избирање на саканата платежна и доставна адреса

5.0.4 Избор на саканиот начин за испорака

5.0.5 Избор на саканиот начин на плаќање

5.0.6 Краток преглед на информации за нарачката

5.0.7 Поднесување на нарачката

5.1 Прифаќањето од страна на продавачот се врши во согласност со точка 2.3 од Општите услови на продавачот (види погоре)

6 Информации за чување на текстот на договорот
Текстот на договорот се чува од страна на продавачот и се доставува до клиентот откако нарачката е пласирана заедно со Општите услови на продавачот и други информации за клиентот во текстуална форма (на пример: писмо, факс или и-мејл) Покрај тоа, текстот на договорот е архивиран на сајтот на интернет дилерот и може да се добие бесплатно од страна на корисникот користејќи ги заштитените со лозинка податоци за корисничка сметка и податоци со кои се најавува, ако клиентот креирал сметка пред нарчувањето во онлајн продавницата.

7 Информации за техничките средства за исправка и корекција на неточниот внес на податоци
Пред испраќање на обврзувачката нарачка, корисникот секогаш може да ги поправи своите податоци со користење на функциите од вообичаената тастатура и глувче. Покрај тоа, сите записи се покажуваат уште еднаш во прозорецот на потврда, а исто така може да се коригира со користење на нормални функции тастатурата или глувчето.

8 Информации за јазици се достапни за склучување на договорот
Германскиот јазик е ексклузивно достапен за склучување на договорот.