Имате право да го раскинете овој договор без давање на конкретна причина во рок од 14 дена. Рокот за отповикување е 14 дена, почнувајќи од склучувањето на зделката на дадената адреса на купувачот, или на трето лице назначено од страна на купувачот, кој не е превозник. Со цел да се исполни вашето право за поништување треба да не информиратево во писмена форма, со поднесување на дефинитивно образложение (писмо испратено по пошта, факс или и-мејл) за вашата одлука да се повлечете од овој договор, на следната адреса:

 

 

Борнер Македонија

Бул. Илинден 42/1-1
1000 Скопје
Македонија


Тел: +389 55 11 644
E-Mail: info@borner.mk



Со цел да се запази рокот за поништување, доволно е да ја поднесете вашата кореспонденција и да го остварите ова право пред крајниот рок.

Ефекти од Повлекувањe / Откажување

Кога ќе го откажете овој договор, ние ќе ви ги надоместиме сите трошоци што се појавиле за нарачката вклучувајќи ги и трошоците за испорака (со исклучок на дополнителни трошоци од изборот на различен метод на испорака поинаков од најприфатливиот стандарден метод за испорака кој го нудиме) веднаш а најдоцна во рок од 14 дена, почнувајќи од денот на добивање на вашето известување за откажувањето. Истиот метод на плаќање избран во првичната трансакција, ќе се користи за надоместокот, освен ако не е постигнат конкретен договор со вас. Под никакви околности, нема да се наплатат суми за повратната трансакција. Ние може да одбиеме да го наплатиме надоместокот додека не ги добиеме вратените продукти или потврда дека тие се на пат, зависно од тоа кој прв од овие случаи ќе настане.
Морате да ги вратите производите на време и во секој случај во рок од 14 дена откако ќе не информирате за повлекување од овој договор. Рокот се смета, ако продуктите се вратат пред периодот на повлекување да истече. Трошоците за враќањето на производите ќе бидат покриени од страна на купувачот.