Бурито од зеленчук
Внимание на сите љубители на бурито! Го имаме совршениот рецепт за вас!⠀
⠀
Состојки:⠀
1 шолја ориз⠀
1 шолја црвен грав⠀
Марула (неколку листови)⠀
1 поголем морков⠀
1 шолја пченка⠀
Црвена зелка⠀
1 краставица⠀
1/2 авокадо⠀
2 домати⠀
1 кромид ⠀
Магдонос⠀
⠀
Состојки за сос:⠀
1/2 авокадо⠀
1 шолја ситно сечкан свеж магдонос⠀
Сок од 1 исцедена лимета⠀
1/3 чаша маслиново масло⠀
сол⠀
Ким⠀
⠀
Сварете го оризот според упатствата на кутијата, потоа исушете го и оставете го на страна да се излади. Доматите и кромидот исечкајте ги на коцки, додадете го ситно сечканиот магдонос и убаво измешајте. Преостанатиот зеленчук исечкајте го и послужете го во подлабока чинија како што е прикажано на фотографиите.⠀
⠀
Прелив: Изгмечете го авокадото и додајте ги другите состојки, прелијте со зеленчукот и уживајте во вкусот!