Börner V5 PowerLine Сецко за зеленчук

Borner Macedonia

ден 2,999.00
Color
orange
green
red
white
purple
-
+

Новото издание на оригиналниот Борнер V-Сецко, V5 PowerLine ви овозможува да работите уште побезбедно, попрецизно и побрзо отколку било кога досега. Трите прилагодливи додатоци нудат широк спектар на опции за сечење: парчиња и julienne стапчиња во четири различни дебелини, коцки или пак ситно мелени, односно вкупно десет различни опции за сечење. Еве како функционира: да го ослободите V-Сечилото од неговата заштита, притиснете го црното копче од страната на сецкото и повлечете го назад вметнатото сечило додека не се поклопи со стрелките од страна. Ова е најдебелата позиција за сечење. Со благ притисок напред се поместува додатокот на една од трите потенки позиции за сечење, а секоја се потврдува со звук на кликнување. Конечната позиција напред го враќа V-Сечилото на заштитната позиција, каде што сечилата се видливо покриени и сечењето е невозможно. Оваа поставка секогаш треба да се користи кога ќе завршите со употреба на V-Сецкото, заради безбедноста на децата но и на возрасните. Копчето со механизам за ослободување обезбедува уште повисоко ниво на безбедност за вас и вашето семејство. За да ги промените додатоците за сечење на julienne или сечење коцки, притиснете го копчето за ослободување и повлечете го назад до точка каде што неговите стрелки ќе се усогласат со стрелките кои се наоѓаат од страна на сецкото; тогаш едноставно подигнете еден додаток, усогласете ги стрелките на новиот додаток со стрелките на сечачот и притиснете директно надолу да го затворите.

Recently Viewed Products