News

  • Коцки домати со рукола, козјо сирење и јаболков оцет

    Објавено на од Marc Seis

     

    Вкусен и освежителен летен оброк кој ви овозможува внес на витамини.


    Состојки

    • домати
    • рукола
    • козјо сирење
    • јаболков оцет
    • рафинирана сол

    Прибор:

             Борнер PowerLine Сецко  

    Подготовка

    Со Борнер Сецкото, направете мали коцки од домати. Зачинете сол по вкус. Измешајте со руколата и додадете коцки козјо сирење. Додадете јаболков оцет по вкус.

    Добар апетит!

    Прочитај повеќе

  • Банана - здрава ужина, полнa со енергија

    Објавено на од Marc Seis

     

    Спортистите се колнат во бананите, поради нивното високо ниво на фруктоза пренесуваат енергија со забрзано темпо. Содржат многу минерали како калиум и магнезиум, кои ги поддржуваат мускулите и нервните функции. Покрај тоа, тие се лесно сварливи. Природно, бананата е спакувана хигиенски и е идеална ужина како за млади така и за стари. Во подготовка може да се комбинираат со различни состојки: во овошни салати, шејкови, јогурт и торти. Парчињата сува банана се популарни поради нивната интензивна арома. Бананите се достапни преку целата година. Во главните производствени региони на Бразил, Еквадор, Хондурас, Костарика, Панама и Колумбија, "банана појас" по должината на екваторот, се берат зелени, а потоа зрејат дури се во дистрибуција или продажба. Се препорачува да се чуваат на собна температура. Во фрижидер, бананата станува кафена, таа ја губи својата арома и вредни хранливи состојки. Бананите како и мангото припаѓаат на најстарите култивирани растенија од  човештвото. Нејзините почетоци датираат од пред повеќе од 2.000 години и се наоѓаат во Југоисточна Азија. Од таму пристигнуваат во Африка. Нивното име доаѓа од арапскиот збор за прст: "banan". Од ботанички аспект, бананата припаѓа на зрнести овошја. Тие не растат на дрвја, туку на растаенија перенијали кои достигнуваат до девет метри висина. Секој цвет може да произведе единечен грст банани формирани со цветот помеѓу нив. Од таму се развиваат плодовите на банана "прст". Поради тоа што бананата расте кон сонцето, таа е крива. Растенијата банана може да родат со плод само еднаш, а потоа умираат. Поради тоа претходно, формираат никулци на земјата од каде се добиваат нови растенија.

    Прочитај повеќе

  • Едноставна овошна салата

    Објавено на од Marc Seis

    Состојки:

    Oвошје

    •      2 јаболка
    •      2 праски
    •      1/4 ананас
    •      1 киви
    •      200 грама јагоди


    Додатоци

    •      3 полни лажици ванилин шеќер
    •      1 лажичка цимет

    Подготовка

      
     1.  Измијте го овошјето и извадете ги семките.
        
     2.  Исечете сè на парчиња и тркалца.

     3.  Ставете ги сите состојки во истиот сад и додадете ванилин шеќер и цимет.


    Служење:


    Се служи по желба, со или без шлаг пена.

    Прочитај повеќе